ФОТО: Полицаец малтретирал 11-годишно детенце

Моето дете на секои пет минути чувствува страшна болка во ушите, постојано слуша звуци и шумови, навечер од страв мочка во кревет, не може да спие, и и ма кошмари. Ова го раскажува мајка од Суботица, која преживува драма со 11-годишното синче кое било мачено од полицаец. Се работи за С.Б. кој го мачел малиот М.П. ученик во петто одделение.

Ученикот во саботата си играл со другарите на улица, а кога тргнале дома ги нападнало куче, па за да се одбранат земале гранки. Една жена во тој момент викнала дека детето краде, па неговите другари избегале, а малиот М.П. останал бидејќи не направил ништо лошо.

Полицаецот кој се нашол на местото на настанот го удрил по ушите неколку пати и тоа силно и викал на него и го тресел. Ја пцуел неговата мајка, го прашувал каде му живеат другарите кои избегале, но детето не сакало да каже.

Расплаканото дете истрчало во гаража, а полицаецот продолжил да се расправа и со неговиот дедо.

Против полицискиот службеник е поднесена кривична пријава и ќе биде санкциониран од работното место.

 
 
07.12.2016 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега