Филмска бркотница среде центарот на градот - полицијата апсеше пред граѓаните

Голема филмска бркотница се одвивала во центарот на Белград, полицијата во неделата го уапсила Роберт В. (48) поради соменавње дека со неговата сестра М.М (20) ја киднапирал својата поранешна сопруга Слаѓана А (30) и  трите малолетни деца. Роберт најверојатно не можел да се помири со тоа дека Слаѓана го напуштила и сакал со сила да ја однесе во странство и неа и децата. 

За време на апсењето кај Роберт бил пронајден револвер. Како што дознаваат српските медиуми, дежурната служба добила повик дека Роберт ја киднапирал својата сопруга и нејзините три деца, од кои само едно е родено во заедница со него. Останатите две деца Слаѓана ги добила од претходниот брак. 

 

 

 
 
02.12.2016 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега