Непознат вирус „коси" по болниците: Заболеа 18 доктори, а еве што е најчудно

Поради непозната вирусна инфекција од која заболеа 18 лекари во Србија, поточно во болницата во Крушевац, се крена паника не само во Србија, туку и во регионот. Како што објави српскиот Блиц, повеќе лекари и медицински сестри имале исти симптоми, температура и осип, а веќе им се направени крвни анализи и се во карантин.

Најмногу заболени има на одделението за хирургија во болницата. Се смета дека ги заразил 37-годишен пациент кој бил хоспитализиран минатата недела.

Сепак, ситуацијата е збунувачка. Лекарот кој прв го прегледал пациентот нема симптоми, како ни возачот кој го возел со Итна помош, но затоа сите останати лекари и сестри имаат. 

- Пациентот дојде со воспаление на белите дробиво. Сепак е чудно како сите кои првично имаа контакт со него не се заболени, а сите останати се, вели извор.

Резултатите наскоро ќе бидат готови.

 
 
02.12.2016 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега