Во кутија од бонбони пронашле 96.000 евра

Цариниците на граничниот премин Градина во Србија, кај турски државјани пронашле 113.000 евра и заплениле повеќе од 90.000 за кои немале потврда, соопштува Царинската управа во Србија.

При деталната контрола во торбата на едно од лицата, во кутија од бонбони пронајдени се 96.000 евра, а во куфер на другиот уште 37.000 непријавени евра.

На цариниците им рекле дека го носат личниот багаж и по 10.000 евра, колку што можат да се пренесат без потврда.

На патниците вратен им е дозволениот износ девизи, а остатокот задржан до окончување на постапката.

 
 
01.12.2016 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега