ОДЛУКА: Граѓаните од Украина слободно ќе можат во земјите на ЕУ да патуваат без виза

Земјите од ЕУ дадоа согласност за укинување на визите за Украинците за краток престој. 

- Се радувам што нашата одлука  испраќа позитивен сигнал со приближувањето на самитот на врвот ЕУ-Украина на 24 ноември, изјави постојаниот претставник на Словачка во ЕУ Петар Јаворчик, чија што земја е ротационен претседател на Унијата. 

На 18 демекври минатата година, Европската комисија му препорача на Советот на ЕУ да се разгледа можноста за воведување на безвизен режим за Грузија, Украина и Косово во случај, да го исполнат акциониот план за подготовки за безвизен режим.

На Украина и беа поставени дополнителни услови за борбата со корупцијата.

Одлуката се однесува на укинување на визите за краток престој на Украинците во ЕУ - до 90 дена, и не почесто од еднаш на шест месеци.

За оваа одлука треба да се расправа во Советот на Еу, каде нејзината примена ќе се одобри само со едногласна согласност. 

Во  соопштението на Советот на ЕУ се вели дека укинувањето на визите за Украина може да се случи само со истовремено влегување во сила на Европскиот механизам за суспензија на безвизниот режим. 

 
 
17.11.2016 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега