Драма во главниот град: Затекнал крадец дома - го заклучил и чекал полиција

Затекнал крадец во својот стан, го затворил внатре и повикал полиција. 46 годишен граѓанин на Загреб се шокирал кога во својот стан во главниот хрватски град забележал крупен 60 годишен маж облечен во неговите алишта. Почнала вистинска борба. Се разменувале шлаканици и тупаници се до моментот додека разбојникот не извадил нож. Тогаш сопственикот на станот успеал да се извлече, да излезе од станот и од надвор да ја затвори вратата. Бидејќи станот бил на 9 кат, разбојникот немал многу опции. Соседите веднаш повикале полиција и му помогнале на соседот да ја задржи вратата затворена. Полицијата брзо пристигнала, а бидејќи разбојникот имал нож, повикале и специјалци.
Штом тие тропнале на вратата, разбојникот се забарикадирал во станот. Ставил огромен плакар пред вратата и не сакал да излезе. По кратко време, специјалците успеале да ја скршат вратата и да влезат во станот. Разбојникот бил уапсен и ставен во притвор. Од станот не успеал да земе ништо. Единствената штета била искршената врата

 

 

 
 
16.11.2016 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега