ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Детенце си пресуди играјќи си со службениот пиштол на татко му

Трагедија која ги шокираше жителите на ВласотинцеДете (13) се самоуби со татковиот пиштол

Играјќи се со пиштолот на таткото 13-годишното дете, ученик во 6-то оделение од основното училиште „Синиша Јаниќ“ во Власотинце смртно настрада денес околу 13: 00 часот.

Таткото на детето, Д.К. е припадник на Полицијата па се претпоставува дека детето настрадало играјќи се со неговиот пиштол. Д.К. има уште две деца и живее во Власотинце. Семејството важи за среќно и примерно, па е исклучена можноста дека станува збор за самоубиство.

Соседите велат дека се слушнале две пукотници па се претпоставува дека пиштолот случајно испукал и го уплашил детето кое потоа испукало уште еден куршум кој бил кобен.

Лекарите на Власотинце со Брза помош за кратко време му пружиле помош но му немало спас.

Увидот е во тек.

 

 

 
 
15.11.2016 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега