Земјата повтроно се тресе - серија земјотреси во Егејското Море

Девет слаби земјотреси  се регистрирани само за еден час вчера  во Егејското Море.

Ова го пренесе азербејџанската новинска агенција АПА, повикувајќи се на турски медиуми. 

Првиот земјотрес беше регистриран во 21:20 часот по локално време и бил со интензитет од 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Потоа биле регистрирани уште 8 потреси со интензитет меѓу 2,5 и 3,6 степени според Рихтеровата скала.

Тие биле почувствувани во турската област Бодрум и на грчкиот остров Кос. 

 
 
15.11.2016 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега