Страшна несреќа во уличиште: 7 годишно девојче падна на глава, се бори за живот

Ученичка од основното училиште „Милан Џ. Миличевич“ во Вождовац, 7 годишната Л.С., завршила во болница со фрактура на черепот откако се повредила на големиот одмор во школскиот двор.

За овој случај е известена полицијата, а и обвинителството, така што е покрената истрага.

„Девојчето излезе на голем одмор со своите другарки. Сакала да им покаже како се прави колут назат. Во еден момент се фатила за држачот на кошот. Меѓутоа не успеала да ја направи вежбата и паднала директно на глава, удирајќи во бетон“, објаснува еден сведок.

Според првите неофицијални информации, нејзините другарки веднаш истрчале во училиштето за да побараат помош.

Девојчето во тешка состојба е примена во болница и констатирани и се тешки телесни повреди.

„Девојчето е задржано на лечењо затоа и било констатирано фрактура на черепот. За целиот инцидент сослушани сите надлежни, но и родителите на детето“, додава изворот.

Од училиштето сеуште се без реакција.

 
 
02.11.2016 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега