Гореше старечки дом, има мртви и повредени

Три лица загинаа, а 11 други се повредени утрово при пожар што избувнал во илегален дом за стари лица во српскиот град Панчево.

Како што јави Танјуг, пожарот избувнал во 6:50 часот во зграда, во која два стана незаконски биле корстени како место за загрижување на стари лица.

Причините за пожарот, во чие гаснење учествувале три противпожарни возила и седуммина пожарникари, засега не се познати.

Српското Министерство за внатрешни работи соопши дека претпладнево припадници на полицијата ја уапсиле „организаторката на непријавениот дом за стари лица во Панчево“.

Српската државна телевизија РТС јави дека во двата стана биле сместени вкупно 14 повозрасни лица. 

 
 
29.10.2016 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега