Полицаец изврши убиство во Центарот на градот Атина

Пензиониран полицаец и кандидат за пратеник на Златна зора со 3 истрели од огнено оружје, застрела маж сопственик на фитнес центар.

Убиството се случи вчера во центарот на Атина кусо пред 18 часот, на помалку од 1 километар од централната зграда на грчката полиција.

Причините за убиството за сега официјално се непознати, а неофицијално, на убиецот му пречеле безбедносните камери кои сега веќе починатиот ги поставил а влезот од неговиот фитнес центар, пренесува Канал 5.

ubistvo-atina1

Веројатно имале куса расправија, по што 60 годишниот си заминал, отишол дома, земал пиштол, се вратил и ладнокрвно со 3 истрели во глава го убил сопственикот на фитнес центарот.

HǍm'ţꫧ졠﫞 �菉�᭼ ꡩ ¡�䟯�ﵲ l꧰ﵲ.(Eurokinissi-ӔŋɏӠӔŖMϕ)

Полицијата се уште трага по убиецот, а според информациите во грчките медиуми станува збор за 60 годишен пензиониран полицаец, кој во 2012 на парламентарните избори во Грција, бил кандидат со Златна зора.

 
 
22.10.2016 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега