Висок грчки функционер поднесе оставка

Генералниот секретар за бегалци во грчкото Министерство за внатрешни работи Одисеј Вудурис вчера поднесе оставка од функцијата, која премиерот Алексис Ципрас ја прифати доцна попладнето.

Вудурис, кој е одговорен за обработка на податоците на бегалците при нивното прво пристигнување, во интервју за телевизијата „Скај“ рече дека поднел оставка затоа што бил спречен да донесува одлуки. Во истото интервју, тој откри дека има и повеќе отворени прашања во односот со неговиот претпоставен, заменик-министерот за миграциска политика Јанис Музалас, и додаде дека е „почесно да поднесе оставка“. Тој го критикуваше Музалас за справувањето со бегалската криза, обвинувајќи го дека не спроведува прописи во насока на подобрување на управувањето со прифатните центри.

Во друго интервју за радио „Вима ФМ“, Вудурис рече центрите за бегалци се „без раководство“ и тврдеше дека Музалас не му дозволил да именува директори на објектите. Според него, исто така, лошо се управува и со средствата за бегалци.

- Норвешка троши 12.000 евра годишно за секој бегалец, а Грција троши 15.000, рече тој.

 
 
14.09.2016 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега