Полицаец си пукал во градите, па му се јавил на шефот

45 годишниот полицаец С.С. вработен во ПС Врање утрово си пукал себеси во гради од службениот пиштол и останал жив.

До пукањето дошло селото Кржинце на патот Врање - Владичин Хан во 9 и 30.

„Полицаецот бил сам во автомобилот кога си пукал во градите. Затоа што преживеал му се јавил на шефот и му рекол дека случајно пукал“, цели извор запознат со случајот, наведувајќи дека полицаецот С.С. веќе извесно време имал здравствени проблеми, поради кои колегите не исклучуваат дека се работи за обид за самоубиство.

Веднаш реагирала Брзата помош која го однела во болница.

 

 
 
08.09.2016 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега