Џиновски водени ѕверови излегоа на копно од Јадран (ВИДЕО)

Во подрачјето пред Ровиња се појави група од најмалку 3 кита, а луѓето кои ги забележале, ги фотографирале и снимале. Членовите  на Институтот на истражување за заштита на морето објавиле на Фејсбук дека добиле фотографии од китови и предупредија за опасност од нивнио насукување.

Со оглед на тоа дека се работи за животни кои инаку се движат во подрачја во длабочина на 1.000 метри во плиткиот северен Јадран им се заканува опасност од насукување и смрт.

За да им обезбедат сигурен излез од Јадранот, ги повикуваат сите кои ќе ги видат да објават фотографии како би се дознала нивната локација на движење.

На страна од тоа китовите се безопасни за луѓето ако не им се приближуваат.

 

 

 
 
25.08.2016 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега