ВИДЕО: Кинезите направија и тестираа трамвај на иднината

Само два месеци по претставувањето на концептот на 19-от Меѓународен саем на висока технологија во Пекинг, кинеските инженери направија и тестираа нов издигнат трамвај кој може да поминува преку други учесници во сообрќаајот.  Првото возење го направи во Чинхуангдаоу.

По презентацијата на моделот и  концептот во мај ја заинтригираа јавноста, инженерите одговорни за  „Transit Elevated Bus“ (ТЕБ) ги изненадија сите и направија навистина гигантско возило.

Трамвајот се движи на струја со сончева енергија која ја собираат панелите распоредени на покривот.

Шинското возило на иднината, поточно, работи на принцип „опчекорување“ на сообраќајни ленти така што не зависи од никаков метеж.

Целото возило осмислено е за максимално да го искористи  патот, а долго е 22, а широко осум метри. Тоа му овозможува да прекрие повеќе сообраќајни ленти. 

Едно возило може да превезе и до 300 патници, но експертите планираат да се користи по метро системот, односно да одат по четири споени трамваи кои би можеле да  носат 1.200 луѓе.

 
 
04.08.2016 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега