Адријана Кеш си ги спакува куферите – ќе работи во Дубаи
Фолк-пејачката Адријана Ацевска алијас Адријана Кеш реши Македонија да ја смени со Дубаи.Таа таму има работни обврски, односно ќе го снима спотот за песната Дубаи.
- Песната се вика “Дубаи” и затоа и спотот ќе се снима таму. Планот е тоа да се случи кон крајот на летото заради обврските кои ги имам, но и затоа што пред некој ден, што се вели, ја промовирав песната “Цела Радика” за која, исто така, ќе снимам спот. Обврските околу овие две видеа, како и околу настапите значат дека летово ќе го поминам работно и дека време за одмор со друштвото ќе одвојам дури некаде кон почетокот на септември кога планирам да појдам до Црна Гора”, вели фолкерката за Вечер.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа