Нови измени на Facebook

Се што е убаво, кратко трае, вели поговорка, која се покажа како точна и во случајот со апликациајта „Кој ме избришал“ на Фејсбук.

– Драги корисници, за жал, апликацијата „Кој ме избришал“ на барање на Фејсбук повеќе не е достапна на ниту една платформа- објави програмерот на оваа апликација Антонио Куске.

Апликацијата беше дизајнирана со цел да обебзеди информација за корисниците на Фејсбук за сите оние што ги избришале од листата на пријатели. За многу кратоко време апликацијата стана многу популарна, но нејзиниот „рок на траење“ беше кус.

– Дури и ако сте ја симнале апликацијата, таа повеќе не е во функција. Ова требаше да биде корисен алат за подобрување на искуствата на корисниците на Фејсбук, но Фејсбук не го делеше тоа мислење- ја појасни Куске причината за отстранувањето на апликацијата.

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега