ФОТО: Поради овој фустан ја избркале од матурска вечер

Алексис Крафт (16) од Алабама му била партнерка на својот пријател на неговата матурска вечер во средното училиште "J. M. Tate" и за таа пригода избрала долг бел фустан. Но, она што за директорката на таа установа било спорно не е должината, туку длабоките шлицови кои ги прекршиле училишните правила за облекување. Девојката била исфрлена од забавата без двоумење.

- Нејзиниот фустан имаше шлицови сè до препоните. Додека се движеше, тие се ширеа, а под фустанот таа не носеше ништо, изјавила директорката на училиштето Марша Реџина.

Алексис пак изјавила дека под фустанот носела долна облека, како и тоа дека истиот фустан го носела на матурската вечер на своето училиште. Директорката сепак не оставила простор за никакви изговори, изјавувајќи дека сите учесници на матурската вечер биле известени навремено со правилата за облекување.

Тинејџерката таа вечер доживеала и уште една непријатност бидејќи личностите кои на самиот влез ја проверувале облеката на средношколците се обиделе да го подигнат нејзиниот фустан.
- Јас не го допуштив тоа. Жената го подигна мојот фустан и ми ја гледаше долната облека. Тоа не беше примерно. Бев понижена, како да ме злоставуваат и едноставно ја изгубив самодовербата. Сакав да си одам колку што е можно побрзо за да не се расплакам пред луѓето кои ме посрамотија, изјавила Алексис за AL.com.

Тие ѝ наредиле да го промени фустанот, но таа не сакала да ги послуша.

Точка.мк

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега