Деми Мур прозборе за разводот со Брус Вилис

Деми Мур (52) изјави дека нејзиниот развод од Брус Вилис (60) најмногу се одразил на нивната ќерка Румер (26) и дека медиумското внимание е грубо, особено кога си дете, пренесува „24 сата’.

Деми се потсети на детството во кое израснала без татко. Кога таа била малку постара, луѓето почнале да разговараат со неа за разводот на нејзините родители и тоа многу влијаело на неа. Таа призна дека и било многу тешко да гледа дека слична работа и се случува на нејзината ќерка.

- Не можев ништо да направам тоа да го прекинам. Нејзиното самопочитување беше толку ниско и единство што можев е да и дадам љубов се додека таа сама не се засака, рече актерката. Таа додаде дека целата утроба и врескала „не“ кога Румер рекла дека сака да учествува во „Танц на ѕвездите“. Но да се гледа и сведочи како страста на Румер стана поголема од стравот е една од најубавите работи во животот на Деми.

- Ова нема никаква врска со тоа што таа е мое дете и на Брус, туку само со тоа која е всушност таа, заклучи актерката. 

Мур и Вилис се разделија во 2000 година по 13 години брак. Двојката има три ќерки, Румер, Скот (23) и Талула (21). Таткото на Деми ја оставил нејзината мајка Вирџинија само два месеци по бракот. Актерката се уште не била родена.

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега