Се хранел само во „Мекдоналдс“ - Верувале или не ослабел 27 килограми (ВИДЕО)

Наставникот Џони Сисна од американската сојузна држава Ајова 180 дена се хранел со по три оброка дневно само од „Мекдоналдс“ - појадок, ручек и вечера и при тоа загубил 27 килограми.

Благодарејќи на тој експеримент, Сисна доби дополнителна работа во „Мекдоналдс“, па сега е еден од амбасадорите на брендот, при што патува и одржува предавања за тоа на кој начин ги загубил вишокот килограми.

Секако, Сисна на неговите предавања не промовира „фаст-фуд“ диета, туку само нагласува дека постојат здрави опции и во рестораните за брза исхрана.

- Можете да јадете било што, но важно е да ги потрошите конзумираните калории. Уживајте во храната на начин како што треба, вели Сисна. 

 

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега