Што вашите активности на Фејсбук откриваат за љубовниот живот?

Претерувањето со статуси за момчето и слики со него, може да биде доста иритантно, но тоа може да открие многу повеќе за личноста која ги постира, отколку што се мисли. Всушност тоа е поврзано со самодовербата на оној кој постира, но не во позитивна смисла.

Студијата беше спроведена на Универзитетот Олбрајт, и учествуваа корисници на Фејсбук кои се во врска. Тие одговориле на прашањата за тоа што ги поттикнува да ја користат оваа социјална мрежа, колку често ја користат и колку се задоволни од нивниот љубовен статус. Оние кои биле задоволни, воедно се и активни на Фејсбук, барем кога се работи за објавување на материјалот кој е поврзан со нивниот партнер, како што се фотографии, статуси и коментари на фотографиите на партнерот.

Звучи добро, зарем не? Но, постои и друга страна. Всушност, истото истражување го покажа степенот на самодоверба кај оние кои се во љубовен однос и активно го покажуваат тоа на Фесбук, поточно истражувањето откри дека тој тип на личности имаат низок степен на самодоверба, па на овој начин се обидуваат да ја зголемат, со тоа што другите ќе ги убедат во тоа.

Има многу поздрав начин да се зголеми самодовербата, здравиот љубовен однос не се основа преку активно прикажување на Фејсбук. 

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега