Тања Савиќ им се врати на свадбите

Пејачката Тања Савиќ е принудена повторно да настапува по свадби, кои своевремено лесно ги одбиваше.

Имено, пејачката западнала во финансиска криза, па повеќе не бира каде ќе настапи со цел да заработи што повеќе пари, па за време на викендот пеела на една свадба во Нови Сад.

Тања на почетокот на кариерата пееше на свадби, но како што добиваше на популарност, полека ги избегнуваше. Но, лошите деловни потези доведоа до тоа пејачката да им се врати на тие ангажмани.

Пејачката неодамна се врати од Австралија каде отпатува со семејството после медиумискиот линч и откако нејзиниот соработник Бане Ѓокиќ откри шокантни информации за овој пар.

 

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега