Ибра суспендиран со четири натпревари

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ е казнет со четири натпревари суспензија од страна на Лига 1 поради изречени навреди по поразот од Бордо.

Ибра по излегувањето од теренот по натпреварот викнал „За 15 години фудбал не сум видел вакви го**а од судии, ова е по****а земја. Франција не го заслужува ПСЖ“.

Иако подоцна се извинил, велејќи дека не мислел такаи дека не сакал никого да навреди, Лига 1 сепак покрена постапка против шведскиот фудбалер, кој ќе мора да ги пропушти натпреварите со Ница, Лил, Мец и Нант.

 

 

Оцени ја веста

10.04.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега