Гвардиола: Без Робен и Рибери се мачиме

Тренерот на Баерн, Пеп Гвардиола денеска изјави дека неговиот тим во отсуство на најдобрите играчи, Франк Рибери и Арјен Робен не ги прикажува очекуваните игри.

Рибери има повреден скочен зглоб, додека Робен веќе еден месец е надвор од терените поради проблеми со стомачен мускул.

- Имаме многу проблеми. Другите играчи не може да играат еден на еден. Сосема сме поинаков тим без Робен и Рибери, но ние треба да се
прилагодиме на актуелната ситуација, рече Гвардиола.

Баерн претходните три натпревари постигна само еден гол, а место во полуфиналето од националниот куп против Леверкузен избори по изведување на пенали.

Покрај Рибери и Робен, Гвардиола не може да смета на Бастијан Швајнштајгер, Давид Алаба и Хавиј Мартинез.

И покрај тоа баварскиот тим е на прво место на табелата во Бундеслигата со 10 поени предност пред второпласираниот Волфсбург.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега