Реално шоу „Парови“ доби забрана за емитување

Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми привремено го забрани емитувањето на реалното шоу „Парови“ на „Happy TV“ поради тоа што емитувањето на тие содржини „ може тешко да наштети на физичкото, менталното или моралното здравје на малолетниците“.

Забраната е донесена на седница закажана по итна постапка. Ќе трае 24 часа и стапува на сила на 3 април во 20 часот.  Забраната се однесува и за емитување на интернет. Утврдено е дека со програмата се повредува членот 28 од Законот за електронски медиуми. Се наведува дека одговорноста на „Happy TV“ како национален емитер е голема, а и претходно за истата програма и биле изречени предупредувања за загрозување на малолетници и за елементи на порнографија.

Happy TV е српска телевизија со национална концесија. На состанокот на регулаторното тело учествувал и новинарот Миломир Мариќ. Регулаторното тело потсетило дека не може директно финансиски да ја казни телевизијата но дека се поднесени 14 прекршочни пријави против таа телевизија и дека судот може да изрече максимална казна од 14 милиони динари како на правно лице, и максимална казна од 1.400.000 за одговорното лице.

 

Регулаторното тело ја поттикнува телевизијата да спроведува внатрешна контрола и потсетува дека ќе продолжи да се грижи содржините да не наштетат на физичкото, моралното и менталното здравје на малолетниците.

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега