Интересна математичка задача која пресметува колку години имате

На социјалните мрежи се појави интересна математичка задача која изненади и збуни многумина.  

Имено, станува збор за формула во која со едноставни математички операции можете да пресметате колку години имате, но и да го добиете бројот што сте го замислиле.

Задачата е следна:

1. Избрете кој било број од 1 до 10;

2. Избраниот број помножете го со 2;

3. На резултатот додадете 5;

4. Добиениот збир помножете го со 50;

5. Доколку годинава веќе сте го прославиле роденднеот, на добиениот број додајте 1.765, а ако роденденот допрва ви претстои додадете 1764;

6. Од добиениот број одземете ја годината на вашето раѓање.

Доколку точно сте ги извршиле сите операции првата цифра на добиениот резулат ќе биде бројот што сте го избрале, а останатите цифри бројот на вашите години.

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега