Британска двојка доби милион фунти на лотарија по втор пат

Брачната двојка од Велика Британија, Дејвид и Кејтлин Лонг, добија по вторпат награда од милион фунти (1.375.738 евра) на лотарија иако шансите за тоа биле еден на 283 милијарди, јави Би-Би-Си.

Тие првпат ја добиле истата сума на националната лотарија во 2013 година, но продолжиле да купуваат лото ливчиња и повторно добиле награда мината недела.

- Едноставно знаев дека еден ден повторно ќе дојде ред на мене, рече Дејвид, возач на камион во пензија.

- Сега тоа се случи и навистина не можеме да поверуваме, додаде тој.

По првата добивка на двојката Лонг целосно им го смени животот. Конечно биле во можност да помогнат на семејството, да купат нов автомобил, но и да се венчаат после 12 години врска.

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега