Македонија ја пречекува Белорусија во квалификациите за ЕУРО 2016

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (почеток 20:45 часот) на Националната Арена „Филип Втори“ ја пречекува селекцијата на Белорусија во натпревар од 5.коло од групата Ц од квалификациите за ЕУРО 2016. Ова ќе биде прв натпревар на двете репрезентации.

Селекторот на Македонија Бошко Ѓуровски, по отказите на Аријан Адеми и на Марио Ѓуровски (поради повреди) беше приморан да комбинира со фудбалерите кои ги има, пред се во средниот ред и ќе се обиде со побрзи играчи од нападот да промени нешто во играта за да се постигне втората победа во групата.

Александар Хацкевич селекторот на Белорусија ќе дебитира во квалификациите откако неговиот претходник беше заменет по лошиот биланс на оваа селекција кога од четири натпревари освои само еден бод и гостите од Белорусија очекуваат позитивен резултат од вечерашниот натпревар.

Натпреварот ќе го суди Ентони Тејлор од Англија.

 

 

Оцени ја веста

27.03.2015 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега