„Можеме без Робен и Ван Перси“

Весли Снајдер верува дека репрезентацијата на Холандија може да ја победи Турција во квалификациите од Европското првенство 2016-та година и без искусните Арјен Робен и Робин ван Перси.

Робен мечот против Турција ќе го пропушти поради повреда на абдоминалниот мускул, додека ван Перси веќе подолго време е отсутен од теренот поради проблеми со коленото.

„Можеме да оствариме добар резултат и без нив двајца“, вели фудбалскиот репрезентативец на Холандија.

„Арјен и Робин многу ќе ни недостигаат, но бевме веќе во вакви ситуации“, рече Снајдер.

Тој додаде дека искусните репрезентативци, како што е тој, Клас Јан Хунтелар и Најџел де Јонг имаат задача да ги поддржат младите играчи во тимот.

Холандија се наоѓа на третото место од групата А со шест освоени поени од четири меча, додека прва е Чешка со максимален ефект.

Натпреварот меѓу Холандија и Турција се игра во сабота, 28-ми март, од 20:45 часот на стадионот Ајакс во Амстердам.

 

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега