Германците решија: Хамбург кандидат за домаќин на ЛОИ 2024

Германскиот олимписки комитет реши Хамбург да биде кандидат за домаќин на Летните олимписки игри во 2024 година.

Ваквата препорака дојде од осумчлениот Управен одбор (УО) на националниот олимписки комитет на Германија, кој му даде доверба на Хамбург во однос на Берлин.

Сепак, конечната одлука, ќе биде донесена во сабота на Генералното собрание на Олимпискиот комитет на Германија, кога и официјално се очекува да биде верификувана оваа одлука на УО.

Досега, во трка за организација на ЛОИ 2024 година кандидатури поднесоа американскиот град Бостон и италијанската престолнина Рим. Според најавите, покрај Хамбург, се очекува официјална кандидатура да поднесе и францускиот главен град Париз.

Рокот за поднесување на кандидатура за град домаќин истекува на 15 септември годинава, а Интернационалниот олимписки комитет одлуката треба да ја донесе во 2017 година.

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега