Арсенал гостува кај Монако, Атлетико го пречекува Леверкузен

Во фудбалската Лига на шампиони вечер ќе бидат познати уште два патника во четврфиналната фаза. Кај Монако гостува Арсенал кој игра извонредно во последниот период во Премиер лигата и ќе се обиде да ја надополни негативата од два гола што ја има по првиот дуел во Лондон.

На вториот вечерашен дуел, во Мадрид се среќаваат Атлетико и Баер Леверкузен. Германците кај ланскиот финалист допатуваа со предност од првиот меч.

Двојки и резултати од првите натпревари:

Монако – Арсенал (3:1) и

Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен (0:1).

Последните две пресметки од осминафиналето ќе бидат решени утре по натпреварите Барселона – Манчестер Сити (2:1) и Борусија Дортмунд – Јувентус (1:2).

Претходно пласман во четвртфиналето изборија ПСЖ, Порто, Баерн Минхен и Реал Мадрид.

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега