Поранешниот на Северина не ме интересира- збесна Јелена Розга

Пејачката Јелена Розга многу се изнервира по шпекулациите на сметка на нејзиниот љубовен живот и одлучи да проговори јавно за тоа.

Имено, пејачката наводно е во врска со поранешниот сопруг на Северина, Милан Поповиќ. Тие приказни ги откри извор кој тврдеше дека пејачката редовно доаѓа кај Милан во станот.

Меѓутоа Јелена на социјалните мрежи се огласи и ја напиша вистината.

- Вистината има само едно лице. И кога веќе писмено прашавте, другите извори на денешните „вести на денот“ и добија писмен одговор дека информациите не се точни, не мислите ли дека е неморално да не се спомене мојот демант, веќе така да и се сврти грбот на правата вистина. Бидејќи, повторувам, вистината има само едно лице – напиша Розга.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега