Атланта и Антиќ први до 50 победи

Екипата на нашиот Перо Антиќ Атланта хоукс стана првата екипа што стигна до 50 победи сезонава.

Педесетиот триумф се случи над тимот над Сакраменто кингс на домашен терен со 130:105. Тренерот на "јастребите", Мајк Буденхолзер, одлучи да го одмори Антиќ.

Кајл Корвер и Демар Керол го понесоа товарот во нападот со по 20 потигнати поени, а Атланта притоа постави нов клупски рекорд со 20 уфрлени тројки. 
Голден Стејт го одржа чекорот со Атланта во трката по најдобриот скор во лигата, откако славеше кај Феникс санс со 98:80. Стефан Кари постигна 36 поени за "воините", од кои 25 во второто полувреме.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ: Шарлот-Вашингтон 69:95, Мајами-Бостон 90:100, Чикаго-Мемфис 91:101, Милвоки-Њу Орлеанс 103:114, Денвер-Њујорк 106:78, Клиперс-Минесота 89:76.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега