Роналдо исвиркан од неговите навивачи

Најдобриот фудбалер на светот и ѕвезда на Реал Мадрид, Криситијано Роналдо по средбата со Шалке која неговиот тим ја загуби со 3:4 изјави дека веќе нема да дава изјави за медиумите.

-Не сакам да зборувам. Нема да зборувам со медиумите до крајот на сезоната, рече Роналдо по завршувањето на натпреварот со германскиот претставник.

Реал и покрај поразот се пласира во следната фаза од Лигата на шампионите, но начинот на кој тоа го направи предизвика незадоволство кај неговите навивачи.

Роналдо постигна два гола, а играта на Реал ја оцени како срамна.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега