ВИДЕО: Шалке победи на Бернабеу, Касиљас го спасуваше Реал од елиминација

И покрај поразот од 4:3 што го доживеа од Шалке пред своја публика, екипата на Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони благодарение на победата од 2:0 остварена на гостински терен.

Реал одигра уште еден лош меч, без разлика на тоа што Кристијано Роналдо постигна два гола. Од срамна елиминација ги спаси Икер Касиљас со две фантастични интервенции во последните минути од натпреварот.

Шалке стана првиот тим кој во нокаут фазата во Лигата на шампионите успеал да постигне четири голови на „Сантијаго Бернабеу“.

Германскиот тим одигра одличен меч, па по 20 минути игра поведе со голот на Кристијан Фукс. Пет минути подоцна Кристијано Роналдо постигна гол за 1:1, а во 41-та минута Хунтелар му донесе ново водство на Шалке, овој пат од 2:1.

Во судиското продолжение од првото полувреме Кристијано Роналдо постигна нов гол за 2:2, резултат со кој се замина на паузата.

По десетина минути игра во вториот дел Реал прв пат на натпреварот дојде до предност откако Бензема се поигра со гостинската одбрана и ја затресе нивната мрежа.

Сепак, само неколку минути подоцна 19-годишниот Сане постигна фантастичен гол за 3:3. Во 85-тата минута по една грешка на дефанзивците на Реал, Хунтелар постигна гол за 4:3 што му донесе надеж на Шалке дека може до сензација на овој натпревар.

Германскиот тим беше блиску до такво нешто, но Икер Касиљас со фантастични интервенции ги одбрани опасните удари на Сане и Хеведес, па со многу среќа Реал обезбеди пласман во четвртфиналето.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега