Здравко Чолиќ открива од што најмногу се плаши
Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ е горд на своите две ќерки Уна и Лара кои ги доби во брак со сопругата Сандра. Тој открива на јавноста дека најмногу се плаши од идните додворувачи на неговите ќерки.
-Младата ќерка ме подмладува, само не можам да го издржам нејзиното темпо. Понекогаш кога ќе дојдам дома уморен сакам да одморам по ручекот, но со неа тоа е невозможно. Постарата има 13 годиуни и не е толку темпераментна, повлечена е многу емотивна и повеќе своја. Но малата која има осум години има енергијза за тројца. Морам да бидам во форма заради неа бидејќи лудилото уште и трае", изјавил Чола.
Тој појаснил дека и двете исклучително многу ја сакаат музиката но смета дека помалата има посериозен талент.
- Доколку препознаам потенцијал ќе ги насочам да го развиваат во таа насока. Им купив клавир и вежбаат со прифесор, а и спортуваат. Но мене како родител најважно ми е тие да се среќни деца. Веќе полека почнуваат да зборуваат и за момчиња. Не знам како ќе се изборам со тоа, веќе ме плашат идните додворувачи на моите ќерки", додал пејачот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа