Дуели за место во финалето на шпанскиот фудбалски Куп

Со натпреварите кои ќе се играат вечерва, ќе бидат познати финалистите во фудбалскиот Куп на Шпанија.

Во реванш натпреварите од полуфиналната рунда во „Копа дел Реј“, екипата на Барселона на гостувањето кај Виљареал влегува со предност од 3:1 остварена на првиот меч одигран на „Камп Ноу’’. Оваа средба ќе започне до 20 часот.

Во терминот од 22 часот ќе стартува вториот полуфинален меч, во кој Еспањол е домаќин на Атлетик Билбао. Екипата од Барселона има почетна предност од гостински гол, бидејќи првиот натпревар одигран во Билбао заврши нерешено 1:1.

Финалето на фудбалскиот Куп на Шпанија ќе се игра на 30 мај.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега