Анџелоти ја објасни одлуката да го замени Иско

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти им објасни на навивачите зошто го смени Иско во завршницата на синоќешниот дуел со Виљареал.

Иско беше еден од најдобрите, а италијанскиот стручњак го извади од игра на 12 минути пред крајот и на негово место го внесе Иљарменди по што следуваа свирежи од трибините.

- Го извадив Иско затоа што ми требаше рамнотежа и тоа беше најдобро за тимот во тој момент. Ако навивачите тоа не го разбираат жал ми е, рече Анчелоти.

Тој смета дека неговиот тим одиграл многу слабо прво полувреме.

- Бевме пребавни во првиот дел, целосно различно во однос на вторите 45 минути, а така тешко се добива натпревар против екипа каква што е Виљареал, истакна Анчелоти.

Реал Мадрид одигра 1:1 со Виљареал, што е прв нерешен резултат сезонава во Примера каде се наоѓа на првото место со два бода повеќе пред Барселона.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега