Мурињо: Го одбив Тотенхем

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо изјави дека во 2007-ма година ја одбил понуда на Тотенхем да седне на клупата на тимот од „Вајт Харт Лејн“.

-Не можев да заминам од Челзи и да останам во Англија уште две години, вели Мурињо кој притоа додава:

 

-Во Челзи се вратив, но само поради навивачите. Многу ги сакам, изјави Мурињо за „Скај Спортс“.

Португалецот воедно потенцираше дека би сакал да остане во лондонскиот клуб до крајот на кариерата, но сепак додаде дека за тоа одлучува сопственикот Роман Абрамович.

 

Инаку,  Мурињо со Челзи освои шест пехари, а нова шанса за такво нешто ќе има денеска бидејќи во финалето од Лига Купот игра против Тотенхем. Дуелот почнува во 17:00 часот.

 

 

Оцени ја веста

01.03.2015 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега