Вардар во Словачка, Металург во Белорусија во дуели од СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар и Металург викендов ќе имаат настапи во регионалната СЕХА лига.

Први на мегдан и тоа во Словачка, попладнево од 18 часот, ќе настапат ракометарите на Вардар кои му гостуваат на Татран Прешов во дуел од 17.коло.

Утре пак во Белорусија Металург гостува кај Мешков Брест во натпревар од 9.коло, кој ќе стартува во терминот од 17 часот.

За утре од 19 часот закажан е уште еден дерби дуел и тоа, меѓу трето рангираниот ППД Загреб и досега непоразениот Вестпрем.

Табела: Вестпрем 48 бода, Вардар 39, Загреб 30, Татран Прешов 30, Мешков Брест 27, Металург 15, Нексе 13, Војводина 10, Борац 7 и Раднички 7.

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега