Никола Карабатиќ најдобар ракометар за 2014-та

Репрезентативецот на Франција Никола Карабатиќ е избран за најдобар ракометар за 2014-та година, од Меѓународната федерација.

Реномираните експерти и фановите беа дел од гласањето од 13-ти до 20-ти февруари, а Карабатиќ освои 33,7 отсто.

На вторто место се пласираше Данецот Микел Хансен со 21 процент, додека на третата позиција е освојувачот на признанието најкорисен од Мундијалот, чуварот на мрежата на Франција Тјери Омејер со 19,5 отсто.

Колегата од клубот на Кире Лазаров и претходно беше најдобар во 2007-та година, заедно е со Ивано Балиќ (2003 и 2006), како и Талант Душебаев 1994 и 1996 со по две вакви признанија.

 

Меѓу дамите најдобра е Едуарда Аморим од Бразил, која настапуваше во Кометал Ѓорче Петров, втора е Кристина Негу од Романија, трета Хајди Локе од Норвешка.

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега