Рутински победи на МЗТ Скопје и Работнички

Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ја оправдаа улогата на фаворити во дуелите со Гоце Делчев и Струмица.

Скопските екипи славеа очекувани победи во натпреварите од 14.коло во Првата македонска кошаркарска лига, одиграни попладнево во Штип и Скопје.

На средбата во Штип, шампионот МЗТ Скопје Аеродром го совлада тимот на Гоце Делчев со 88:73 , додека во салата на „Градски парк’’ во Скопје, Работнички беше убедливо подобар од Струмица со 103:59.

Од ова коло минатата среда се одигра натпреварот Водњански лисици - Кожув 77:100, додека последниот натпревар меѓу Фени Индустри и Куманово ќе се игра на 4 март.

Табела: Работнички 21 бодови, МЗТ Скопје А. 21, Карпош Соколи 20, Фени Индустри 20, Куманово 19, Кожув 18, Гоце Делчев 16, Струмица 16 и Водњански лисици 14.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега