Урнебесно, но вистинито - Што вели мајката, а што слуша детето?

Најважно за малите деца е да знаат ред. Особено ако сами си го дефинираат.

Мајката вели: Време е да си измиеш зaбите!
Детето слуша: Оди во бањата, наполни го мијалникот со меурчиња од сапуница, остави траги од паста за заби насекаде, пушти водата да тече и по можност не ја запирај додека не се направи поплава ...

Мајката вели: Облечи се, излегуваме. Веќе можеш сам, без да ти помагам.
Детето слуша: Извади ја сета облека од гардеробер, фрли ја на подот, плачи 15 минути, бидејќи сакаш мама да те облече и конечно, кога таа дојде да ти помогне, одговори дека можеш сам да се облечеш.

Мајката вели: Време е да си ги собереш играчките и да ја суредиш детската соба.
Детето слуша: Собери ги играчките од подот, стави ги некаде каде што нема да се гледаат - под креветот, во фиоките, во гардероберот и во секоја "дупка" која ја гледаш пред тебе. Само не и во кутијата за играчки, само таму не!
 
Мајката вели: Брзо, нема време! Доцниме, обуј си чевлите, веднаш!
Детето слуша: Отвори го ормарот за чевли, земи си чизмите, но не заборавај да го помилуваш мачето, да се загледаш низ прозорецот, да ја бараш омилена играчка од минатата година и конечно да се појавиш на вратата, но само по чорапи.

Мајката вели: Време е да си легнеш.
Детето слуша: Одложи го спиењето, колку повеќе можеш. Кога сијаличката ќе се изгасне, стани и замоли за чаша вода, изјави дека ти се оди до тоалет, задолжително кажи и "добра ноќ" на мачката, побарај уште 12 бакнежи од мајка си, како и да ти ја прочита онаа бајка по седми пат, а потоа убеди ја дека треба да каснеш нешто ... Солзите се задолжителни!

Остатокот прочитајте го на Рингераја.мк

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега