И Вугринец со збогум: Металург не смееше да заврши вака неславно

Веќе очекуваното заминување и на Ренато Вугринец од екипата на Металург, кој својата кариера, согласно првичните најави, треба да ја продолжи во Катар, попладнево официјално потврдено со неговото обраќање до навивачите на досегашниот клуб.

„Почитувана публико, чувствувам потреба на овој начин да ви се обратам вам, на вас кои верно го следевме овој клуб, моето играње, моето несебично давање за Вас!

Во ова обраќање сакам на кратко да ви доловам што чувствувам и што ме следеше во текот на моето играње за Металург. Играв низ Европа по разни клубови, но морам да признаам дека ваква компатабилност, припадност каква што имаа играчите кои несебично се бореа за боите на Металург досега немам видено.

Се надевавме до последно дека резултатите кои ги постигнавме ќе ја разбудат свеста на граѓаните и ќе им овозможат на истите актери да продолжат во нова бајка, која во овој момент неславно ја завршува приказната.

Македонија е земја која од многу аспекти ми прирасна кон срце.  Нова љубов, нов предизвик за кој верував дека ќе опстане, но добива поинаков епилог.

Поради тоа наша верна публико, „Пирати“, донесов одлука утрешниот натпревар да го одиграм за Вас, за сите мои соиргачи и за моја душа и на тој начин да ве поздравам сите, затоа што вие тоа го заслужувате“ – се вели во обраќањето на Вугринец до македонската спортска јавност.

.

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега