Миркуловски заминува од Металург

Македонскиот репрезентативец и ракометар на Металург Филип Миркуловски најави заминување од редовите на македонскиот шампион Металург.
 
По проблемите во клубот (неисплатени плати) и заминувањето најпрвин на странските играчи и потоа откако дел од репрезентативците добија исписници заминувањето на Миркуловски ќе биде можеби најтежок удар. Тој по Светското првенство во Катар одигра два натпревара од СЕХА лигата (Нексе и Татран).
 
На социјалните мрежи Миркуловски соопшти дека  била тешка одлуката за заминувањето од клубот и најверојатно следна негова дестинација ќе биде бундеслигашот Хановер.
 
По Миркуловски во најава е заминувањето од клубот на уште двајца репрезентативци Гоце Георгиевски и Ацо Јоновски
 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега