Гвардиола од 2016 во Манчестер Сити

Тренерот на Баерн Минхен Пеп Гвардиола по истекот на договорот со баварскиот клуб ќе го преземе Манчестер Сити, објави германскиот „Спорт Билд“.
 
Според овие информации, раководството на клубот од „Етихад“ не верува дека актуелниот менаџер Мануел Пелегрини ќе може успешно да го води тимот на долги стази.
 
Договорот на Гвардиола со Баерн истекува во јули следната година. Шпанецот со Баерн освои четири трофеи.
 
Претходно излегоа шпекулации дека Гвардиола имал намера да ја преземе репрезентацијата на Катар кој е организатор на Мундијалот 2022. 
 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега