Ѓоковиќ го победи Варвинка и си обeзбеди финале на Австралија Опен

Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ во изедначен натпревар, после тешка и исцрпувачка три и пол часовна борба, го совлада четвртиот носител во Мелбурн, минатогодишниот шампион Станислас Вавринка со 3:2 (7:6, 3:6, 6:4, 4:6, 6:0) во сетови и се пласираше во финалето на првиот овогодишен гренд слем.

Ѓоковиќ на два пати имаше водство, после првиот и третиот сет, но упорниот Вавринка се враќаше во игра и го одведе натпреварот во петти сет. Таму, пак, Швајцарецот немаше повеќе сила и првиот светски рекет рутинирано го доби сетот без загубен гем.

Иако резултатот покажува дека се работеше за епски дуел, сепак натпреварот не беше многу квалитетен, беше полн со неизнудени грешки, кои ги имаше вкупно 118, додека имаше многу помалку „винери“, само 69. Исто така двајцата тенисери имаа слаб процент на погодени први сервиси, по околу 60%.

Во финалето во недела, Ѓоковиќ за титулата ќе се бори со Британецот Енди Мареј, кого два пати го совладуваше за титулата во Мелбурн и тоа во 2011. и 2013. година. За српскиот тенисер ова ќе биде можност за петта титула во Мелбурн, откако славеше во 2008. и три пати последователно од 2011.-2013. година.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега