Мареј се избори за финале на Австралија Опен

Британецот Енди Мареј е првиот финалист на Отвореното првенство на Австралија, откако денеска во полуфиналето го победи чешкиот тенисер Томаш Бердих со 3-1 во сетови.

Чехот го доби првиот сет во тај-брејк со 7:6, за следните три сета да му припаднат на Мареј со 6:0, 6:3 и 7:5.

За Мареј кој се уште нема трофеј на Грен слемот во Мелбурн, ова ќе биде четврто финале.

Противник на британскиот тенисер во борбата за трофејот ќе биде подобриот од мечот Новак Ѓоковиќ - Станислас Вавринка закажан за утре од 9 часот и 30 минути.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега