Атланта ја продолжи победничката серија

Кајри Ирвинг ја одбележа ноќта во НБА лигата со неговите рекордни 55 поени во победата на Кливленд над Портланд, што претставува осми триумф во низа за „Кавалирс“.

Победничката серија која трае веќе 17 натпревари ја продолжи и Атланта која ноќеска беше поуспешна од Бруклин.

Постигнати резултати на 11 НБА натпревари одиграни ноќта меѓу среда и четврток:

Кливленд - Портланд 99:94
Филаделфија - Детроит 89:69
Торонто - Сакраменто 119:102
Атланта - Бруклин 113:102
Хјустон - Далас 99:94
Минесота - Бостон 110:98
Њу Орлеанс - Денвер 85:93
Њујорк - Оклахома 100:92
Сан Антонио - Шарлот 95:86
Јута - Лос Анџелес Клиперс 89:94
Феникс - Вашингтон 106:98.

Табела Источна конференција: Атланта 38-8 (победи-порази), Торонто 31-15, Вашингтон 31-16, Чикаго 30-17, Кливленд 27-20, Милвоки 23-22,...

Табела Западна конференција: Голден Стејт 36-7 (победи-порази), Мемфис 33-12, Портланд 32-14, ЛА Клиперс 32-14, Хјустон 32-14, Далас 30-17, Сан Антонио 30-17, Феникс 27-20,...

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега