Македонија лидер во групата по првиот ден на СП во ракомет во Катар

Македонската машка ракометна репрезентација како прво пласирана на табелата во Б групата, ќе го заврши 1.коло на Светското првенство во Катар.

Убедливата победа над Тунис од 33:25, е најголемата на една од трите селекции кои славеа триумф во воведната рунда на натпреварите од Б групата.

Во првиот меч одигран попладнево селекцијата на Босна и Херцеговина го победи аутсајдерот во оваа конкуренција Иран со 30:25.

Хрватска која важи за топ фаворит во групата, како и еден од главните претенденти за освојување на медал, се изнамачи во натпреварот со Австрија, за на крајот, популарните „Каубои“ да остварат победа со два гола разлика 32:30.

Така, по првото коло, Македонија, БиХ и Хрватска имаат по два бода, но нашата селекција има најдобра гол разлика, додека без бодови се Австрија, Иран и Тунис.

Утре во рамки од второто коло, Македонија во терминот од 17 часот ќе игра против Иран, а во останатите два натпревари се среќаваат, Тунис – Хрватска и Босна и Херцеговина – Австрија. 

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега